Владата одобри инвестиции за соларни електрани во Пехчево и Карбинци

Макфакс

07/12/2021

20:03

2.837

Големина на фонт

а а а

Владата на денешната 125. седница донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестициски проект на фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ринуабл пауер интернатионал“ ДООЕЛ Скопје.

Соларната електрана вредна 63 милиони евра ќе биде изградена во атарот на Долни Балван, oпштина Карбинци.

Владата на денешната седница донесе уште една одлука за утврдување стратешка инвестиција за компанијата „ХЕК солар МК“ ДООЕЛ Скопје, којашто ќе инвестира во изградба на фотонапонска електрана со јачина од 70 мегавати и со вредност од 53 милиони евра.

„ХЕК солар МК“ соларната електрана ќе ја гради во општина Пехчево.



Спонзорирани линкови

Маркетинг