Ѕвездата од популарната серија призна дека е геј и со фотографии ја официјализираше 18-годишната врска со момчето

Точка

07/12/2021

17:10

9.307

Големина на фонт

а а а

38-годишната ѕвезда од серијата "Pretty Little Liars", глумецот Џулијан Морис им соопшти на фановите дека е геј по пат на Инстаграм.

Британскиот глумец споделил неколку фотографии и видеа со кои го покажа своето момче Лендон Рос со кој е во врска 18 години.

"Тоа беа најубавите години бидејќи ги поминав со тебе. Те сакам", напишал под објавата.

На својот профил се огласил и Лендон, велејќи дека "почетокот на 19-та година од нивната врска била најдобрата работа во животот".

Парот бил поддржан од многумина, а колегата на Морис од серијата Keegan Allen им порачал дека неговото срце "експлодирало" после овие фотографии.

"Љубовта секогаш победува", "Честитам", "Прекрасен пар", "Браво", "Многу ми е драго за вас", биле дел од коментарите.

Џулијан во серијата "Pretty Little Liars" го толкувал ликот на Врен Кингстон, а гледачите го знаат и по сериите "New Girl" и "Once Upon a Time", како и од филмовите "Little Women", "Man in an Orange Shirt", "Young Arthur".



Спонзорирани линкови

Маркетинг