Пет генијални примени на сода бикарбона кои можеби ќе ве изненадат

Точка

07/12/2021

16:10

14.470

Големина на фонт

а а а

Сода бикарбона или натриум бикарбонат е всушност сол составена од натрум и бикарбонатни јони.

Со оглед на тоа што е состојка и во прашокот за пециво, воглавно се користи за подготовка на јадења од печено тесто, а покрај тоа понекогаш и како средство за чистење или како неутрализирач на мирис.

Меѓутоа, содата може да се користи и во други цели, а за некои од нив веројатно не сте ни знаеле. Во продолжение ви носиме неколку примени на сода бикарбона кои можат да ве изненадат.


Ги одржуваат цвеќињата свежи подолго време

Додадете една лажичка сода бикарбона во вазна со цвеќиња за да им го продолжите рокот на траење.

Направете го чајот повкусен

Прстофат сода бикарбона во шолја свежо сварен чај ќе ја отстрани горчината и заматеноста.

Држете ги мравките подалеку

Измешајте сода бикарбона и сол во сооднос 50/50 и посипете го местото каде што има мравки.


Отстранете ги непријатните мириси од патиките

Истурете сода бикарбона во носените патики за да бидат свежи и без мирис додека не одлучите повторно да ги носите.

Пополнете ги дупките во ѕидот

Измешајте бела паста за заби и сода бикарбона за да ги наполните помалите дупки на ѕидот. Откако ќе ја нанесете смесата, оставете ја неколку часа да се исуши.



Спонзорирани линкови

Маркетинг