Кога се запознале таа немала поим дека е холивудски актер, а тој се трудел да ја освои – денес се еден од најсреќните и најубави љубовни парови

Точка

07/12/2021

21:22

17.938

Големина на фонт

а а а

Љубовната приказна на Метју Меконахи и Камила Алвес започнала како сценарио за некој добар романтичен филм.

Холивудскиот актер Метју Меконахи не ја барал љубовта и бил среќен самец сè до судбоносната средба со својата сегашна сопруга Камила која ја запознал пред 15 години.

Метју и Камила денес важат за еден од најсреќните и најубави холивудски парови, а нивната љубовна приказна без проблем може да послужи како сценарио за еден добар романтичен филм.

Парот се запознал во 2006 година во некој клуб и додека славниот оскаровец веднаш бил маѓепсан од бразилската убавица, таа него не го препознала на прв поглед.


Поточно, Камила воопшто не била импресионирана од неговиот статус на филмска ѕвезда и Метју морал добро да се потруди за да ја освои, па ѝ покажал кој е всушност навистина тој.

Тој таа вечер бил во друштво на машка екипа, а токму тогаш ја забележал преубавата манекенка, па ја повикал неа и нејзините пријателки да им се придружат.

На крајот, според зборовите на актерот, било јасно дека не ја воодушевил, а првиот пат таа му се обратил на нејзиниот мајчин, португалски јазик.

„Тогаш разбирав португалски подобро отколку во нашите 9 години врска“, изјавил Метју во една прилика за „People“.


Меѓутоа, кога ќе ја прашате Камила за таа ноќ, нејзиниот впечаток за нивната прва средба е поразличен.

„Кога се запознавме имавме две интеракции во барот. Прво, не знаев кој е тој. Во тоа време имаше друга брада и носеше некој шешир. Беше камуфлиран, јас всушност не сфатив кој е тој“, признала Камила.

Претходно, Метју признал дека на ниту еден начин не бил незадоволен како самец:

„Не барав љубов. Бев многу среќен. Добро спиев, бев духовно здрав, добро се дружев самиот со себе. Но, бевме на нашата прва љубовна средба откако се запознавме во клубот и тогаш знаев дека следната вечер сакам пак да ја видам. И следната вечер сакав да одам на трета средба. А, потоа со неа сакав да одам на љубовен состанок наредните девет години. И со никој друг“.

Присетувајќи се поради што се чувствувал толку сигурен, открил дека тоа било поради самопочитувањето кое го имал кон себе, кон семејството и начинот на кој таа го почитувала него, но никогаш не земал сè „здраво за готово“.

Тоа чувство се покажало како обострано во 2008 година кога парот го добил првото дете, синот Леви, а во 2010 година и ќерката Вида, додека пак синот Ливингстон го добиле во 2012 година.


Се вериле на Божиќ во 2011 година и во тајност се венчале наредната година во нивната куќа.

Во текот на некое интервју за „People“ Камила признала дека била изненадена што воопшто се венчале:

„Мислам дека тоа е нешто до кое еволуиравме. Никогаш не сум била девојка која пораснала зборувајќи дека сака да се венча. Всушност, на своите родители им кажав да не очекуваат да се венчам. За мене најважно беше да се погрижам нашиот дом да биде мирен, да е здрав, децата да се добро. Не знаев колку венчавката е важна и колку навистина беше посебно сето тоа, додека не поминав низ целата церемонија“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг