Холивудската актерка тврди: Мерилин Менсон се закануваше дека ќе го силува мојот 8-годишен син

Точка

07/12/2021

11:33

6.199

Големина на фонт

а а а

Актерката Еван Рејчел Вуд тврди дека нејзиниот поранешен партнер, Мерилин Менсон, кој се соочува со обвиненија за злоставување, се заканувал дека ќе го „силува нејзиниот 8-годишен син Џек“, се наведува во судските документи до кои дошол „Daily Mail“.

Ваквото тврдење е изнесено во изјавата поднесена во април, во склоп на нејзината моментална битка за старателство со поранешниот сопруг Џејми Бел.

Документите наведуваат дека наводните закани на Менсон ја натерале Еван Рејчел да ја зголеми безбедноста во својот дом - вклучувајќи поставување на непробојни стаклени прозорци, челичнa вратa и оградa - и да се пресели од Лос Анџелес (каде сè уште живее нејзиниот поранешен сопруг) во Нешвил.


„Многу сум загрижена за безбедноста на нашето дете кога е во Лос Анџелес“, вели Вуд во изјавата, пренесува „Daily Mail“.

„Исклучително се плашам од злоставувачот“, изјавила таа, мислејќи на Менсон со кој беше во врска од 2006 до 2010 година.


„Претрпев тешко, трауматично физичко и емоционално злоставување од него и се плашам дека ќе бара одмазда за сведочењето така што ќе ме повреди мене, мојот син и членовите на моето семејство“, вели актерката.

Менсон е моментално под истрага поради тврдењата за сексуално злоставување и трговија со луѓе откако повеќе од 10 жени, вклучувајќи ја и Еван Рејчел Вуд, го обвинија за сексуален напад и физичко злоставување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг