Со жрепка утврден редоследот на гласачкото ливче за нов претседател на СДСМ

Точка

06/12/2021

21:46

3.232

Големина на фонт

а а а

Владејачката партија СДСМ вечерва информираше дека со жрепка е утврден редоследот на гласачкото ливче за вонредните избори за лидер на партијата.

„Според жрепката, редоследот на гласачкото ливче на вонреднте внатрепартиски избори е следниот: 1. Димитар Ковачевски, 2. Фросина Ременски, 3. Јован Деспотовски“, информираат од партијата преку соопштение.

„СДСМ е единствена партија во земјата која има врвен демократски механизам за избор на претседател, во којшто членовите на директни избори го избираат претседателот на партијата,“ велат од СДСМ.

Вонредните избори за претседател на СДСМ ќе се одржат во недела, на 12-ти декември.

✍Со жрепка утврден е редоследот на гласачкото ливче за вонредните избори за претседател на #СДСМ.

?Согласно Роковникот...

Posted by СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија on Monday, December 6, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг