Алек Болдвин го избришал профилот на Твитер неколку дена после шокантното интервју

Точка

06/12/2021

20:40

6.979

Големина на фонт

а а а

Алек Болдвин го изришал својот профил на Твитер, само неколку дена откако го даде своето прво ТВ интервју за кобната несреќа на снимањето на филмот "Rust". Неговата сопруга Хилариа Болдвин исто така го избришала профилот на оваа мрежа.

Првпат е забележано дека Твитер профилот @alecbaldwin недостига на мрежата во неделата навечер. Тоа бил истиот профил кој Болдвин го користил да ја објави својата прва официјална изјава за пукањето во филмот "Rust" во која е убиена снимателката Халина Хачинс и повреден бил режисерот Џоел Соуза.


До понеделникот наутро, Твитер профилот на Хилариа Болдвин @hilariabaldwin е исто така избришан, како и профилот за нивната фондација "Hilaria and Alec Baldwin Foundation".

Останал само еден верифициран Твитер профил за Болдвин @AlecBaldwin за кој се смета дека моментално е деактивиран. Овој потег доаѓа само три дена после интервјуто на Болдвин за трагедијата која се случила на снимањето на филмот во емисијата "Good Morning America".


За време на емотивното интервју, глумецот инзесе шокантно тврдење дека не го пукал со пиштолот и рекол дека немал поим како вистинскиот кушрум стигнал на сетот.


На водителот му дал детален временски преглед на настаните и рекол дека е малку веројатно дека ќе биде кривично обвинет за тоа што се случило.



Спонзорирани линкови

Маркетинг