Се заразиле со омикрон, а биле ревакцинирани и одвоени еден од друг

Макфакс

06/12/2021

20:00

4.236

Големина на фонт

а а а

Новиот сој на коронавирус, омикрон, се проширил меѓу двајца ревакцинирани патници, додека биле во карантин во хотел во Хонг Конг, пишува „Блумберг“.

„ Надзорните камери покажаа дека ниту еден од двајцата заразени не ја напуштил собата, ниту имале некаков контакт, така што единствен начин за пренос е воздушен, во време кога послугата им носела храна или кога лекарите ги тестирале за ковид“, велат истражувачи од Универзитетот во Хонг Конг.

Своите наводи тие ги објавија во списанието „Имрџинг инфектус дизизес“.

Омикрон е означен како вид на загриженост поради бројните мутации, па затоа истражувачите велат дека инфекцијата на двајца сосема одвоени луѓе покажува дека постои причина за загриженост, бидејќи постои страв дека омикрон може да ја заобиколи заштитата од вакцините и да биде многу заразен.

„ Откривањето на инфекција со омикрон помеѓу две целосно вакцинирани, одвоени лица во хотел во карантин е доказ за оваа загриженост“, заклучија Хаогао Гу, Лео Пун и други истражувачи кои ги следеа двата случаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг