Објавен трејлерот за специјалот на Хари Потер: "Се расплакав!"

Точка

06/12/2021

19:00

5.793

Големина на фонт

а а а

Првиот тизер за долгоочекуваното собирање на актерската екипа на Хари Потер која доаѓа на HBO Max и Sky конечно е објавен, а фановите се воодушевени.

Ретроспективата со која се слави 20-годишнината од Хари Потер премиерно ќе биде прикажана на Нова Година, а ќе содржи интервјуа со главните ѕвезди Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон.

Ќе им се придружат и Хелена Бонам Картер, Ралф Финес, Џејсон Ајсак, Гери Олдмен, Том Фелтон, Џејмс Фелпс, Оливер Фелпс, Бони Рајт, Алфред Енох и Евана Линч.

"Ќе полудам", "Не можам да дочекам", "Конечно", "Се расплакав", се само дел од коментарите.

"Поминавме неверојатно патување од премиерата на првиот филм и сведочевме како се претвора во импресивно место кое во најмала рака е магично. Ретроспективниот специјал ќе им оддаде чест на сите оние на кои овој феномен допре до многу животи - од талентираната екипа која даде сѐ од себе за оваа филмска франшиза, до фановите поради кои светот на магионичари е жив дури дваесет години подоцна", рекол Том Ашајм, претседателот на Ворнер Брадрс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг