Ви се допаѓа филмот „House of Gucci“? Тогаш треба да ги погледнете и овие 5 модни хорор-трилери

Точка

06/12/2021

19:38

5.592

Големина на фонт

а а а

Доколку ви се допадна филмот „House of Gucci“ и сега едноставно сакате уште драма, тогаш ќе ви претставиме уште пет хорор-трилери кои со задоволство треба да ги погледнете.

Од манекенки канибал, до вештерки и вампири од глава до пети – ова се најдобрите застрашувачки приказни во кои модата игра еднакво голема улога како и актерите.

„The Neon Demon“

Ова е приказната за младата манекенка Џес која преку ноќ го освојува модниот свет со својата убавина и сексапил. За жал (или среќа) тоа ја прави и посакувана кај мажите по целиот град, односно омразена од страна на останатите манекенки кои се подготвени тоа што природата ѝ го дала да ѝ го украдат на секој можен начин.

„Nocturnal Animals“

Вториот филм кој го потпишува Том Форд е приказната за Сузан, сопственичка на галерија која ја толкува Ејми Адамс која добива роман од својот поранешен сопруг (Џејк Џиленхол) кој ја моли да го прочита и да му го каже своето мислење.

Додека ја чита приказната полека станува смртоносна, Сузан се присетува на аферите со кои нивниот брак започнал, но и мрачните тајни поради кој бил завршен.

„Personal Shopper“

Кристен Стјуард ја толкува улогата на Маурин која во текот на денот е успешна манекенка, а во текот на ноќта се обидува да биде медиум. Додека живее во Париз, таа се надева дека ќе успее да ги зајакне своите моќи за да може да комуницира со својот починат брат близнак. За време на патувањето во Лондон таа почнува да добива пораки кои како да доаѓаат од „онаа страна“ и ја ставаат среде мистериозно убиство во кое како да се вмешани натприродни сили.

„The Hunger“

Кетрин Данев ја игра главната улога во оваа етерично-вампирска приказна која го „зацементираше“ нејзиниот статус на бесмртна модна муза.

Кетрин ја толкува Миријам, незаситна вампирка која на луѓето им ветува вечна младост и бесмртност.

„Suspiria“

Лука Гуардијано познат по своите приказни на хорор класиците не заостанува по ништо ниту во другите делови во модна смисла.

Реално, ова остварување и не е класичен римејк, а облеката во него е еднакво важна колку и проширувањето на самата приказна за балетската академија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг