Тројца европски лидери во трка: Кој ќе биде лидер на ЕУ по Ангела Меркел?

Точка

06/12/2021

21:38

3.638

Големина на фонт

а а а

Новата Влада во Германија би требало да биде формирана за неколку дена. Социјалдемократите на идниот канцелар Олаф Шолц и Либералите, веќе го потврдиле коалициониот договор. Зелените би требало да го направат тоа во понеделник. Ангела Меркел веќе се поздравила со Германците, но и Евроспката унија со својата лидерка. Таа позиција, иако неофицијална, сега е празна.

Во римската палата Квиринал, премиерот на Италија и претседателот на Франција потпишале билатерален договор - на полето на одбраната, фискалната политика, се до заеднички вселенски програм. И веќе се претпоставува - Квириналскиот договор би можел да лансира нов италијанско-француски двоец на чело на Европа.

По испраќањето на Ангела Меркел, додека германската коалиција Семафор да воспостави ред во внатрешниот политички сообраќај, се забележуваат амбициите на Драги и Макрон.

"Договорот кој е потпишан меѓу Италија и Франција покажува дека Италија е подготвена се приклучи кон водечкиот двоец, дека ја има таа желба и факт е дека сите постапки кои Италија и Марио Драги ги повлекле, создале одреден вид на оптимизам и амбициите на Рим се пораснати", наведува Стефан Владисавлјев од Фондација "BFPE".


Додека бил прв човек на Европската централна банка, обраќањата на "маестро Марио Драги", како што го нарекол шпанскиот колега, се слушале во тишина. А тоа е реткост. На чело на Италија е од февруари и веќе, со низата мерки извлекувајќи ја земјата од хаосот во пандемијата, ја стекнал титулата најпочитуван политичар. Италијанците не се склони на тоа.

"Тој има големо искуство, знае како функционира ЕУ, знае и кои се дупките во системот кои може да се искористат и всушност најголема опасност за него останува дали Владата во Италија ќе остане доволно долго стабилна бидејќи, ако Италија е по нешто политички позната, е честото менување на влади", нагласува Владисавлјев.

Во намера да се позиционира во Европа, Емануел Макрон уште на почетокот а мандатот во 2017-та, во говор на Сорбона, Унијата ја нарекол слаба, бавна, неефикасна. На крајот на мандатот, прашање е дали на патот на неговите амбиции стоело само моќното присуство на Ангела Меркел. И каква ќе биде улогата на Олаф Шолц. Прифатен е како политичар со континуитет, иако без харизма и повеќе завртен кон Германија.


Макрон ја бара својата шанса

Претседавањето на ЕУ, од јануари ќе и припадне на Франција. Макрон веќе ја покажува намерата до април, кога му претстои трка за реизбор, да се претставува и како лидер на Унијата.

"Ќе има мегаломански иницијативи бидејќи Франција на меѓународен план неколку пати беше сериозно понижена, скандалот околу продажбата на подморниците на Австралија е само последното понижување. Макрон во наредните четири месеци ќе се обиде на дискурсен план да ја искористи ситуацијата со француското претседавање, да создаде привид на значењето на Франција во меѓународните рамки додека главната цел ќе биде резибор за претседател", вели Ивица Младеновиќ, уредник на "Монд Дипломатика" на српски јазик.

Според дипломатот Огњен Прибичевиќ, ерата на лидерство во ЕУ завршува со Меркел, а ќе ја заменат менаџери, со заеднички сили.


"Таа позиција ќе ја заземат претставници на Франција, Германија, Полска и Италија, како највлијателни земји во ЕУ. Полска никогаш не треба да се заборави со оглед на нејзиното големо стратешко значење", вели тој.

Слабо утврдената позиција на ЕУ во светски рамки со тоа дополнително губи на значење. Дипломатот потсетува на неисполнетите очекување на европските државници од Бајден, кој речиси го наследил патот на Трамп - Америка на Американците.

Брисел игра, но не дава голови

"И каде е тука ЕУ? Таа всушност е само набљудувач и навивач, но не е актер. Кои се актери? Од една страна Русија, од друга страна САД и Велика Британија. Е тоа е проблем со лидерството - да, и оние нови лидери, тие се добри управувачи, но покрај доброто управување, потребна е и визија и прашање е дали тие ја имаат", смета Прибичевиќ.

Брисел има нова иницијатива - Глобална капија. Определиле 300 милијарди евра за инфраструктурни проекти и заеми надвор од границите на Унијата, со намера, како што се мисли, да парираат на кинескиот Појас и пат. Го најавила претседателката на ЕК, Урсула фон Дер Лајен.

Ако заедничките европски институции ни така не успеат да се позиционираат, кога ќе зборуваме за Унијата, и натаму, наместо на Брисел, ќе мислиме на Берлин, Париз и можеби Рим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг