Точка ТВ со Хаџиванова: Најпоставувани прашања до психолог: „Дали да се разведеме е многу често прашање“

Точка

02/12/2021

22:16

8.298

Големина на фонт

а а а

Со текот на годините, потребата од психолог и воопшто психотерапија е сè поголема. Луѓето конечно почнаа оваа потреба да ја сфаќаат како нормален дел од нашето постоење, па така и оваа професија стана многу популарна.

Новинар: Цеце Николова
Камера и монтажа: Ненад Смиљковиќ

Екипата на Точка ТВ беше на 5-минутна сеанса кај психологот Ивана Хаџиванова, во Неокортекс центарот за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација.

Но, овојпат ние бевме тие што прашувавме, не Хаџиванова, која инаку најголем дел од сеансите го поминува поставувајќи им прашања на клиентите, за сами да дојдат до посакуваниот одговор за одредена грижа или состојба.

Хаџиванова има уникатен, сосема смирен, целосно посветен пристап до своите клиенти и секогаш со многу внимание ги избира зборовите кои ги упатува до нив и не остава простор за недоразбирања.

Многу конкретна, директна, концизна, со правилна поента - таков психолог е Ивана Хаџиванова. А, впрочем, секој од нас сака да биде сериозно сфатен кога отвара парче од својата душа, зарем не?

Се ставивме во улога на клиент и ѝ ги поставивме најпоставуваните прашања до психолог, на кои добивме многу интересни одговори.

Работата на психолозите не е нималку едноставна. Тие целото работно време го поминуваат слушајќи ги проблемите на луѓето, па оттука се поставува прашањето дали некогаш знае тоа да им здодее, на што Хаџиванова има искрен одговор.

Погледнете го првото интервју од серијалот најпоставуваните прашања до, со психолог.

Хаџиванова ја прашавме - „Зошто сонуваме?“, „Дали ме анализирате сега?“, „Какви проблеми имаат психолозите“, „Дали да се разведеме?“, „Колку сесии ќе ми требаат за да ја надминам анксиозноста?“..., а одговорите ќе ви ја доловат одблизу работата на психолозите и ќе дознаете како е 'од таа страна'.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk