Колку опаѓа капацитетот на батеријата на електричен автомобил по една година?

Точка

26/11/2021

22:00

51.703

Големина на фонт

а а а

Факт е дека литиум-јонските батерии со стареењето и нормалната употреба го губат својот максимален капацитет.

Еден од најголемите аргументи на љубителите на бензинци и дизел автомобилите е траењето на батеријата кај електричните возила.

Секако, факт е дека литиум-јонските батерии со стареењето и нормалната употреба го губат својот максимален капацитет. За среќа, тие падови не се преголеми, така што електричните автомобили и по неколку години би требало да задржат прилично голема автономија во возењето

Дали е ова навистина така? Јутјуберот, творец на каналот "Battery Life", одлучил да направи експеримент за ова да го провери. Една година возел електричен "Volkswagen ID.3" и од купувањето минал 22.500 километри.

На основа на патниот компјутер пресметал колку километри неговиот автомобил ќе мине со полна батерија во септември 2020-та година, и потоа тоа го споредил со септември 2021-ва година, два пати со одржување на константна брзина од 90 км/ч.

Земајќи го предвид предвидениот радиус на движење и просечна потрошувачка на енергија, реалниот капацитет на батеријата го пресметал во киловат часови. Во септември 2020-та изнесувал 58,8 kWh, а по една година бил намален за околу 7,5 проценти на 54,4 kWh.

Декларираниот капацитет прочитан од системот бил уште помал и изнесувал 54,1 kWh (пад од 9%).

Овие резултати наишле на бројни критики на интернет. Многу Јутјубери рекле дека неговиот тест на основа на податоци добиени од компјутер е недоверлив и дека ништо не докажува.

Тој затоа одлучил да оди во овластен сервис на "Volkswagen", каде побарал стручен преглед. Тестот направен во сервисот покажал намалување на капацитетот на батеријата за 8 проценти.

Тој целата работа ја опишал во видеото. Па, излегува дека неговите пресметки биле прилично точни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг