Марко Марк за Точка ТВ: „Знам какви беа реакциите кога се укина утринската на Телма, затоа бевме сигурни дека новата сезона ќе биде добра“

Точка

22/11/2021

21:47

7.268

Големина на фонт

а а а

Водителот на утринската програма на Телма телевизија, позитивниот Марко Марк е нашиот овонеделен гостин во Точка ТВ.

Новинар: Цеце Николова
Камера и монтажа: Ненад Смиљковиќ

Ако некогаш сте се запрашале која е тајната да го избегнете лошото секојдневие, негативните луѓе околу вас, животните сопки кои постојано ви се појавуваат на патот, Марко го има вистинскиот одговор.

Голем дел од публиката која ја следи кариерата на водителот, има дилеми околу неговото целосно име, поточно, презиме. Марко Марк е целосното име на водителот, а зад него не се крие никаков прекар, ниту уметнички момент. Целата приказна слушнете ја во видеото.

Разговорот со Марко веруваме барем за момент ќе ве замисли и можеби ќе ве натера да посакате да бидете најдобрата верзија од себе. Многу искрени совети, реални ситуации и поинаков начин на гледање на работите. Марк е вистинска инспирација за сите кои се наоѓаат во негова близина.

А, дали сте знаеле дека Марко порано никако не сакал да работи во телевизија и единствена љубов му било радиото? Сепак, години подоцна, тој е најведриот лик со кој сакате да ви започне утрото.

Наполнете се со позитивна енергија од понеделничкото интервју на Точка ТВ со Марко Марк.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk