Доц. д-р Вера Бошковска за Точка ТВ: Кои се придобивките од отворањето на Ист Гејт Мол за македонскиот пазар?

Точка

29/10/2021

22:32

9.002

Големина на фонт

а а а

Денеска во 10 часот и официјално се отворија вратите на новиот шопинг мол во главниот град, кој го носи името „Ист Гејт Мол“.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ

Со отворањето на новиот шопинг мол се појавуваат нови имиња на брендови за првпат во Македонија, што се дел од светски франшизни системи.

Токму на оваа тема разговаравме со доц. д-р Вера Бошковска од Универзитет за Туризам и Менаџмент.

„Кога првпат некои бизниси доаѓаат на пазарот во Македонија, значи дека Македонија е интересен сегмент за нивниот развој и дека сме интересни како пазар и нови потрошувачи“, вели Бошковска за Точка ТВ.

Професорката истакнува дека македонските потрошувачи добиваат нов, веќе потврден квалитет и можат да имаат поголем избор за она што им е потребно.

„Македонските потрошувачи веќе имаат искуство со странски брендови, бидејќи имаме доволен број на такви објекти, молови, продавници во нашата држава“.

Интересен податок кој Бошковска го споделува со публиката на Точка е тоа дека франшизите во Македонија постојат веќе 30-на година. Првите франшизни системи во земјава почнале да функционираат во 1995-та година, кога на македонскиот пазар се појавиле од банкарскиот сектор, па потоа влегле со ланците на брза храна.

Во моментов повеќе од 140 странски франшизни системи функцинонираат во Македонија.

Што претставува ваквиот тренд за македонскиот пазар, каква можност претставува тоа за потрошувачите, како правилно да биде препознаена оваа нова понуда - дознајте во видео интервјуто со доц. д-р Вера Бошковска


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk