Павле Камилоски за Точка ТВ: „Да не се вратев во Македонија можеби немаше да бидам тоа што сум денес“

Точка

29/10/2021

22:03

7.983

Големина на фонт

а а а

Топол, есенски амбиент во комплексот на Park Hotel & Spa и пријатен разговор со извонредниот музичар Павле Камилоски.

Новинар: Цеце Николова
Камера: Ненад Смиљковиќ

Во новaта сезона на Точка ТВ ви носиме актуелни гости, интересни приказни, имиња кои вредат да бидат дел од овој наш серијал.

Универзумот си работи за нас“, новата песна на Камилоски е само една од причините за неговото гостување во Точка ТВ.

Човек полн со приказни, искуства, за кои е потребен долгометражен филм за да може наеднаш сѐ да сподели.

Секогаш успева да го задржи вниманието со својата појава. Елегантен, грациозен, смирен, а истовремено полн со самодоверба - ова веројатно е најсоодветниот опис за баритонот Павле Камилоски.

По неколкугодишното работно искуство на брод, откако го прошетал 'пола свет', Павле сепак се враќа во Македонија.

Која е причината за тоа, што мисли за македонската естрада, со кој од колегите дружи приватно, како се чувствувал за време на снимањето на романтичниот спот со моделот Бојана Нушкова, и многу повеќе - дознајте во видео интервјуто.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk