Цела планета полуде после новиот тизер за "La Casa de Papel": Професорот испрати јасна порака, фановите во делириум поради еден детаљ!

Точка

19/10/2021

22:17

6.445

Големина на фонт

а а а

Серијата "La Casa de Papel" ги освои гледачите ширум светот, а оваа шпанска крими драма наскоро ќе го добие и својот крај.

Имено, вториот дел од петтата сезона излегува на 5 декември, а објавен е и трејлерот. Првиот дел од последната сезона заврши со погубување на еден од главните ликови и членови на бандата, Токио.


Новиот тизер ја прикажува крадците плачат за оние кои ги изгубиле во своите редови, а во позадина се слуша и гласот на Професорот.

"Во последните неколку часа изгубив многу важни луѓе и нема да дозволам веќе никој да умре поради оваа кражба", рекол тој.


Исто така во новата и последна сезона се појавуваат нови ликови, односно Патрик Криадо како синот на Берлин, Рафаел, Мигел Анхел Силвестре како поранешното момче на Токио, Рене, Хосе Мануел Седа како началник на војската Сагаста.

Помеѓу членовите на бандата, кој се именувани според имиња на главни градови, една од главните улоги му припадна и на српскиот глумец Дарко Периќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг