Димитриевски по инцидентот: „Во возилото бев сопатник, но мора некако да се оправда следењето и застанувањето“

Точка

19/10/2021

21:50

3.099

Големина на фонт

а а а

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција попладнево соопшти дека тој и неговиот тим биле следени од полицијата веќе три недели.

Тоа го разбира како тортура и притисок од одредени полициски службеници поради неговата кандидатура за втор градоначалнички мандат.

Димитриевски потенцираше дека возилото е сопственост на лизинг компанија и било добиено на користење, уредно со договор со сите документации.

„Во самото возило јасно се гледа сообраќајната дозвола дека возилото поминало на тест и може да има таков тип на фолија. Инаку, возилото коешто нè следеше исто така имаше такви фолии поради кои не се гледаше кој управува со возилото и го видовме преку шофершајбната.

Моето возило не е службено, тоа е возило на лизинг компанија, со коешто имаме договор на користење и го користиме со полномошно. Ние државни ресурси не употребуваме во изборниот процес. И како сум влезен во кандидатура за градоначалник, во ниту еден момент не користам службено возило, туку користам и рентам приватно возило кое согласно закон има право да има затемнети стакла.

Но, суштината тука не се работи за затемнети стакла. Стаклата не се прекршок со којшто компезно градоначалникот се затвора во кола без никакво образложение како најголем криминалец се шета низ целиот град со ротации и се води на технички преглед. Тоа се решава за 5 минути.

Не добив никакво образложение од страна на полициските службеници кои и немаа одговор, бидејќи цело време комуницираа на телефон и по други средства за комуникација, претпоставувам со нивните претпоставени, па тие нека дадат објаснувања“, рече Димитриевски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг