Утре започнува скринингот на учениците, први ќе се тестираат средношколците во Скопје

Точка

19/10/2021

20:02

1.565

Големина на фонт

а а а

Во девет средни училишта во Скопје утре ќе започне скринингот на средношколците за да се утврди дали некој од нив е носител на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Тие објаснуваат дека тестирањето на средношколците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина.

„Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот Ковид 19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата“, велат тие.




Спонзорирани линкови

Маркетинг