Вархеји повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Макфакс

19/10/2021

19:29

1.301

Големина на фонт

а а а

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, очекува „зелено светло“ за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината.

Вархеји пред новинарите изјави дека се сретнал со лидерите на Бугарија и Северна Македонија. Еврокомесарот нагласи дека е свесен за изборите во двете земји, но испорачувањето на датум е многу поважно од прашањето за изборите.

„Одложувањето датум за преговори за Скопје и Тирана има негативно влијание врз кредибилноста на Унијата. Двете земји го испорачаа она што се бараше од нив“, рече тој.

Повтори дека Албанија и Северна Македонија не треба да се двојат, откако бугарскиот европратеник Андреј Ковачев предложи почеток на преговорите со Албанија, место да ја чекаат Северна Македонија да го реши спорот.

„Големо мнозинство земји-членки не сакаат одвојување, така што сакаме да најдеме решение“, изјави Вархеји.

Вархеји ги повика европарламентарците да влијаат на нивните земји да овозможат напредок околу ова прашање, со цел и самата ЕУ да оди напред.



Спонзорирани линкови

Маркетинг