Исчистете ги отровите од вашето тело со помош на овој зачин: 2 рецепти за здрав и јак имунитет во текот на студените денови

Точка

19/10/2021

19:10

11.077

Големина на фонт

а а а

Болестите на респираторниот и кардиоваскуларниот систем, камен на бубрег, проблеми со црниот дроб, ослабнат имунолошки систем – поврзани се со долготрајно акумулирање на токсини во телото.

Овие рецепти со куркума ќе ви помогнат да го исчистите вашиот организам.

Куркумата има неверојатна можност на подмладување и закрепнување на цело тело затоа што темелно го чисти од отрови.

Обидете се да го исчистите вашето тело со помош на овие рецепти:


Рецепт број 1

Состојки:

- 1 капка масло од куркума

- 2 капки етерично масло од лимон

- 1 лажица мед

- ½ лажица лимонов сок

Подготовка:

Растворете го сокот од лимон во чаша со вода на собна температура. Ставете ги капките куркума и лимон на медот и додадете го медот во чашата со лимоновиот сок. Консумирајте по 1 чаша двапати дневно 1 час пред појадок и 1 час по ручекот.


Рецепт број 2

Состојки:

- 1 лажица куркума

- 12 лажици ленено семе

Подготовка:

Лененото семе прелијте го со 1 литар топла вода, оставете на тивка температура да се вари 10-15 минути.

Тргнете го садот од огнот, оставете 10 минути да се излади, па процедете и добиената вода помешајте ја со куркумата.

Пијте по 150 милилитри од течноста шест пати во текот на денот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг