Познатиот модел на итна операција: „Три гинеколози не ми помогнаа“

Точка

19/10/2021

22:21

11.512

Големина на фонт

а а а

Моделот Тилан Блондо (20), која како шестгодишно дете е прогласена од светските медиуми за најубаво девојче во светот, ги загрижи своите следбеници на Инстаграм со последната објава.

Тилан објавила низа фотографии од болница, па во описот објаснила зошто завршила таму. Пред една година, откако ѝ пукнала циста на јајникот, завршила на итна операција.

После неколку месеци почнала да чувствува силни болки во стомакот.

„Не бев сигурна дали ќе го објавам ова, но, еве, тука сме. Прво сите, вклучувајќи се и себе, мислевме дека имам болки поради операцијата. Оваа година посетив три различни гинеколози, отидов на преглед во повеќе од четири радиолошки центри во Париз и сите ми рекоа исто: „Не се грижи, ништо нема во стомакот. Сето тоа е во твојата глава“, напишала таа.

Сепак, пред четири дена завршила во болница.

„Стомакот толку многу ме болеше, што не можев да издржам. Ме прегледаа и рекоа дека е сè во ред, дека постои некој мал израсток и дека морам да го проверам за 2 до 3 месеци. Еден ден потоа имав преглед кај неверојатниот доктор Оливер Кадоч, кој ме прегледа, виде циста со големина од 5,6 сантиметри, која ги допира моите јајници, поради што ме испрати на магнетна резонанца, а еден час подоцна ме викна и рече веднаш да одам во болница на итна операција. Денеска конечно се чувствувам добро, посебно бидејќи веќе мислев дека сум луда поради болките во стомакот кои, наводно, не постоеле. Среќна сум што бев упорна“, им напишала таа на следбениците и им порачала да не се грижат за нејзиното здравје и да бидат упорни ако чувствуваат дека нешто не е во ред.




Спонзорирани линкови

Маркетинг