3 причини зошто не треба да го пропуштите утринскиот секс со партнерот

Точка

19/10/2021

18:05

77.924

Големина на фонт

а а а

Некои од паровите најмногу уживаат во сексот навечер, други повеќе сакаат да се разбудат со утринска акција.

Сексот секако добро влијае врз здравјето на човекот, а ние ќе ви претставиме три научно потврдени причини зошто сексот наутро е сепак најдобар.

1. Ќе бидете попродуктивни

Сексот позитивно влијае на нашето расположение поради супстанциите кои се лачат во телото во текот на односот. Поради тоа добро е на овој начин да го поправите вашето расположение кога ќе се разбудите.


Инаку, истражување од 2018 година во кое учествувале 1.000 луѓе покажало дека 53 отсто од мажите и 45 отсто од жените пријавуваат поголема продуктивност во текот на денот по утринскиот секс.

2. Го намалува стресот

Како што кажавме, во текот на сексуалниот однос, во телото се лачат хормони – окситоцин и допамин, а тоа ќе ви помогне во текот на денот да бидете поопуштени.


3. Нивото на тестостерон тогаш е најголемо

Не сакаат сите да имаат секс штом ќе се разбудат, но сексуален терапевт тврди дека тоа е најдобар почеток на денот, особено поради тоа што кај мажите нивото на тестостерон е највисоко наутро, во траење од три до четири часа по будењето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг