Речиси секој трет тест е позитивен: Пандемијата во оваа земја се шири најбрзо во однос на останатите земји во Европа

Точка

19/10/2021

17:10

6.312

Големина на фонт

а а а

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.669 нови случаи на коронавирус, со рекордни 31,9 отсто позитивни тестови.

Инфектологот Матеја Логар оценува дека во вторникот таквиот удел на позитивните тестови бил многу загрижувачки, додавајќи дека сепак сè уште не очекува поостри епидемиолошки мерки во државата од досегашните.


Премиерот Јанез Јанша во понеделникот изјавил дека во случај на продолжување на негативниот тренд ќе биде потребно на затворање на општеството. За повторното ширење на заразата тој причината ја гледа во прениската стапка на вакцинирани луѓе, но и недозволени јавни собири, па предупредил дека ширењето на епидемијата во Словенија во последните неколку денови се одвива најбрзо во Европа.

Инфектологот Матеја Логор изјавила дека се надева дека нема да има потреба од нови рестрикции поради тоа што трендот на новозаболени може да се смири поради тоа што цела наредна седмица нема да работат образовните установи.


Министерството за здравство вчера објавило дека за 24 часа направени биле 5.230 тестирања од кои 1.669 позитивни случаи, што значи дека речиси третина од тестираните биле позитивни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг