Еве што јадат фудбалерите пред, за време и после натпреварите

Точка

19/10/2021

16:30

4.628

Големина на фонт

а а а

Исхраната е една од клучните сегменти во животот на секој фудбалер, а особено е важна помеѓу врвните играчи, бидејќи им овозможува користење на максималниот потенцијал во секоја утакмица, но и оптимално опоравување и регенерација после настапот.

Поради тоа е многу важно да се следат советите на нутруционистите кои им ги креираат оборците за пред и после натпревар.

Исхрана пред натпревар

Фудбалерите избираат протеинска и немрсна храна. Целта е да се олесни варењето и да му се даде доволно енергија на фудбалерот за време на натпреварот. Тие јадат три до четири часа пред натпреварот, доколку натпреварот е попладне или навечер, потребно е да се планира и доручек и меѓуоброк. Исто така, потребно е да се внесе доволно вода. Пијат мала количина, но повеќе пати во денот.


Исхрана за време на натпреварот

На фудбалерите не им се препорачува претерано консумирање на храна, односно потребно е да ја вратат енергијата и изгубените течности. Исто така, потребно е да се обрне големо внимание на хидратацијата и неретко фудбалерите користат енергетски гел кој содржи кофеин со јаглехидрати, а кој ќе им помогне да останат будни и фокусирани за време на натпреварот.


Исхрана после натпреварот

Во тој период вообичаено е да биде присутен недостатокот на апетит, но со оглед на дефицитот на јагледни хидрати, потребно е да се надоместат тие празнини. Поради тоа, фудбалерите често консумираат пица, но здрава. Без кашкавал или во мала количина и со билни состојки.


За време на 90 минути натпревар, фудбалерите трошат многу енергија, а многу професионални тимови ја избраа пицата како совршен оброк за опоравување после натпревар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг