Ситуацијата излегува од контрола: Нов Зеланд бележи најмногу случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Точка

19/10/2021

09:31

1.973

Големина на фонт

а а а

На Нов Зеланд денеска е потврден најголемиот број дневни случаи на инфекции со коронавирус од почетокот на пандемијата, а делта сојот се шири во најголемиот град, Окленд.

Оваа јужнопацифичка држава денеска пријави 94 новозаболени, од кои 87 од нив се од Окленд.

Во извештајот на „Ројтерс“ се наведува дека од почетокот на пандемијата се потврдени вкупно 2.099 случаи на инфекција, 28 смртни случаи кај пациенти со Ковид-19 и 38 хоспитализирани.

Некогаш пример за земја која успешно се бори против епидемијата на коронавирус, Нов Зеланд сега се бори да го спречи ширењето на делта сојот, пред сѐ во Окленд, но и во соседните региони и покрај строгите мерки, карантинот и затворањето на границите.

Околу 1,7 милиони граѓани на Окленд сѐ уште се под ригорозни ограничувања, но тоа не го спречи порастот на бројот на новозаразени.


Вчера локдаунот во Окленд беше продолжен за уште две недели, а властите за зголемувањето на бројот на новозаболени ги обвинија сите оние кои ги прекршуваат рестриктивните мерки и невакцинираните граѓани.

Мексико Сити на најниско ниво во системот за предупредување на Ковид-19

Во понеделникот, главниот град на Мексико, за првпат од јуни, се врати на најниско ниво во системот за предупредување на пандемија.

Во пракса, како што наведува агенцијата „АП“, преминот од жолта во зелена промена на категоријата значело само мали промени во секојдневниот живот.

„АП“ наведува дека носењето маски е сѐ уште вообичаено по улиците на градот со 9 милиони жители, но и дека ритамот на животот во престолнината одамна e вратен.


Големите настани на отворено, кои беа можни со 75 отсто пополнет капацитет, сега не се соочуваат со ограничувања, иако од посетителите сѐ уште ќе се бара да носат маски.

Овој потег доаѓа само неколку недели пред Мексико Сити да биде домаќин на трката во Формула 1.

На баровите, клубовите и салите за настани им е дозволен дополнителен час работа и сега ќе можат да работат до 1 часот наутро.

Бројот на луѓе во градското подрачје кои се хоспитализирани поради коронавирусот опаѓа од средината на август и се приближува до најниската точка која беше забележана во јуни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг