Стриминг платформата „Netflix“, според пишувањата на „Variety“, планира да сними продолжение на американскиот ситком „That '70s Show“, но со друго име.
Продолжението на шоуто би требало да биде наречено „That '90s Show“, а како што пренесуваат странските медиуми, „Netflix“ планира да сними 10 епизоди.
Куртвуд Смит и Дебра Џо Руп, кои во оригиналната серија ги глумеа Ред и Кити Форман, би требало да се појават во продолжението на серијалот.
Приказната на американскиот ситком ќе биде сместена во 1995 година.
Леа Форман, ќерката на Ерик и Дона, во текот на летото ги посетува своите баба и дедо, односно Кити и Ред, и склопува пријателства со новата генерација тинејџери од измислената приградска населба Поинт Плејс во Висконсин.
Продолжението на серијата ќе го креираат Бони Тарнер и Тери Тарнер заедно со ќерката Линдзи, а покрај толкувањето на улогите, Куртвуд Смит и Дебра Џо Руп се извршни продуценти.