Бурната реакција од „Комити“ со први последици: Вардар му врачи отказ на тренерот по само четири кола

Дерби

20/09/2021

18:35

2.578

Големина на фонт

а а а

Вардар забележа само една победа во првите четири кола во Втората македонска фудаблска лига, но последното лошо издание и поразот со пресврт од Велешта изнуди радикална реакција од страна на водечките луѓе на клубот.

Најтрофејниот македонски клуб доби ново раководство и нов газда пред стартот на новата натпреварувачка сезона, а бидејќи истата тргна навистина лошо, функционерите решија вината да ја побараат кај тренерот.

„Комити“ реагираа бурно по поразот од Велешта и фактот што тимот освои само четири бода во првите четири рунди, па денеска пристигна информација за разделба меѓу Вардар и тренерот Горан Симов.

– Фудбалскиот клуб Вардар и г-дин Горан Симов договорија прекин на соработката. Клубот се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар, и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера.

Функцијата в.д шеф на стручен штаб ќе ја извршува досегашниот помошник Никола Глигоров, – гласи објавата на Вардар.

Покрај поразот од Велешта, „црвено-црните“ загубија и од Силекс, а под водство на Симов остварија и една победа и едно реми (против Воска Спорт и Кораб).



Спонзорирани линкови

Маркетинг