„Го нападнаа над 20 кучиња, го шиеја тројца лекари, а за вакцина нè пратија за Скопје“: 5-годишно дете нападнато од глутница во Тетово

Точка

20/09/2021

17:45

6.956

Големина на фонт

а а а

Петгодишно дете од Мала Речица вчера напладне било нападнато и искасано од кучиња скитници по целото тело.

Детето прво било пренесено во болница во Тетово, но поради сериозноста на повредите, и бидејќи во Клиничката болница во Тетово, наводно, немало серум против беснило, било донесено во Скопје.

Од СВР Тетово за „Нова ТВ“ изјавиле:

„Дедото на детето пријави случај во полиција вчера во 13 часот и 40 минути, дека неговиот внук бил каснат од кучиња скитници, кои се вртеле во близина на угостителски објект во Мала Речица. Детето притоа се здобило со сериозни повреди и е пренесено во болница“, изјавил Марјан Јосифоски, портпарол во СВР Тетово.

Блиски роднини на детето, за локалните медиуми раскажуваат дека тоа си играло надвор пред дворот кој се наоѓа во близина на угостителски објект, кога било нападнато и искасано од кучиња.

На прес-конференција, Алијанса за Албанците реагираше за искасаното петгодишно дете од кучиња скитници вчера во Тетово.

„Кучињата скитници за коишто во континуитет алармираме, нападнале петгодишно дете нанесувајќи му тешки повреди. Сето ова се случило во близина на куќата и брзото и навремено реагирање на членовите на семејството го спасиле детето од фатален исход. Овој случај докажува дека Тетово е опасно место за живеење, како последица на неодговорноста, криминалот, корупцијата и лошото менаџирање на претставниците на локалната и централна власт. И ако ги прашате за овој случај, тие повтортно ќе го третираат како инцидент, судбина или како природна катастрофа“, велат од Алијанса за Албанците.

Според партијата на Зијадин Села, за да ова не биде доволно, кога детето било однесено во болница, кажано им е дека немаат вакцини против беснило, последователно семејството било приморано да заминат за Скопје, во тамошниот клинички центар.

„Градот Тетово, не само што не е безбеден за живеење, нема ниту ефикасно здраство за да помогне. Нема безбедни училишта, исто така од неодамна сме сведоци дека во опасност се и куќите, дворовите и населбите. И после сето ова, ние не можеме да бараме одговорност од тие што нѐ поднесоа одговорност ниту за 14-те изгубени животи“, велат од Алијанса за Албанците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг