Вујовиќ за изненадувачкото заминување на шпанската ѕвезда: Ќе видиме кој ќе добие на крајот

Дерби

20/09/2021

17:20

26.102

Големина на фонт

а а а

Вардар одигра реми против Елверум на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, но сега на првиот натпревар на домашен терен, македонскиот првак го пречекува добро познатиот противник, тимот на Мешков Брест.

Веселин Вујовиќ како тренер на Вардар нагласи дека играта на противникот се врти околу Скубе и акцентот ќе биде посебно ставен на него, но покрај тоа што говореше за Мешков Брест, даде искрена изјава и за неочекуваното заминување на Гурбиндо.

– Мешков е тим кој напредува од година во година, имаат супер играчи, но секогаш работата се врти околу Скубе. Вардар не е Вардар без навивачи, со нетрпение чекам да видам колку фанови ќе има на трибините. Многу ни значи поддршката од навивачите, – порача Вујо.

Во интервју за шпанските медиуми, Едуардо Гурбиндо се пожали дека во Вардар не наишол на проектот кој му бил ветен и поради тоа си заминува без да има деби на официјален меч, а на оваа тема денеска се огласи и тренерот Вујо.

– За сите нас тоа е големо изненадување. Ние од првиот ден го пречекавме Гурбиндо со голема еуфорија, станува збор за класа играч и сигурно ќе недостасува. Сепак, повеќе ќе ни недостасува во одбрана, отколку во напад. Тука ги имаме Њокас и Моралес и тие можат да понудат повеќе во напад. Сигурно ќе недостасува Гурбиндо, но тој кој веќе не е тука, без него се мора. На крајот ќе видиме кој ќе загуби, а кој ќе добие од цела оваа ситуација, – изјави Вујовиќ за заминувањето на Гурбиндо во Динамо Букурешт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг