Вучиќ понудил решение за ситуацијата во Косово, Албанија одбила, јавува Блиц

Нетпрес

20/09/2021

16:57

4.699

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска понудил предлог решение за постигнување компромис во врска со новата ситуација на административните премини меѓу северно Косово и централна Србија, но албанската страна го одбила тој предлог.

По тој повод, Вучиќ денеска околу 18 часот треба да и се обрати на јавноста, вели извор од „Блиц“ од кабинетот на претседателот на Србија.

„Претседателот Вучиќ ќе објасни зошто мораше да ги отфрли понижувачките предлози што Албанците преку посредници ги испратија во Белград – вели изворот на „Блиц“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг