Живеат покрај езеро, а немаат вода. Имаат прекини во снабувадњето со електрична енергија, патиштата се дотраени, нема улично осветлување и сметот не се подига редовно.
Водоводот е дотраен, водата нечиста а канализација нема.Со ова се соочуваат жителите на селата и викенд населбите кои гравитираат околу Мавровското езеро.
Од другата страна на езерото е селото Леуново. Ова е изворот од кој се снабдува со вода викенд населбата и хотелот Радика. Проблемите се исти. Вода доволно нема и е бактериолошки неисправна. За празникот Илинден, во викенд населбата немало вода 6 дена.
Ако тоа не е доволно, секаде каде што допира погледот во Маврово, Маврови Анови и Леуново – се гради. Во заштитен појас, во забранет појас, во национален парк. Мештаните и сопствениците на викендици револтирани од индолентниот однос на локалната власт. Имале средба со градоначалникот на која добиле само ветувања. Најавуваат протести и блокади.
Остатокот од текстот можете да го прочитате на Телма.