Изненадување или не? Магазинот "Time" на својата листа на највлијателни личности го додаде и лидерот на талибанското движење

Точка

20/09/2021

15:20

1.435

Големина на фонт

а а а

Угледниот американски магазин "Time" секоја година објавува листа на највлијателни личности, како и личност на годината. Овој пат, помеѓу 100-те највлијателни личности се најде и еден од основачите на талибанското движење, Абдул Гани Барадар.

Како и претходните години, магазинот "Time" ги распореди највлијателните личности во неколку категории, а помеѓу останатите направена е и листа на највлијателни лидери кои ја одбележале годината.

На оваа листа, сосема очекувано се најдоа лидерите како американскиот и кинескиот лидер, Џо Бајден и Кси Џинпинг, новиот премиер на Израел, Нафтали Бенет, како и иранскиот лидер Ебрахим Раиси.


Итересно е тоа што на листата се најде и името кое во последниот период предизвика бројни контроверзии. Имено, "Time" на листата на највлијателни лидери го додаде и еден од основачите на талибанското движење, Абдул Гани Барадар. Магазинот го оцени Абдул како харизматичен лидер и длабоко побожна личност.

"Кога Талибанците во август прогласија победа над Авганистан, тоа беше под услови кои ги преговарал Барадар. Кажано е дека тој ги носи сите важни одлуки, вклучувајќи ги и оние за амнестија на припадниците на поранешниот режим. Исто така, заслужен е за спречување на крвопролевање кога влегле Талибанците во Кабул, како и за одржувањето на врската со Кина и Пакистан", наведува "Time".


Исто така се наведува дека Барадар е иднината на Авганистан.

"Во привремената влада поставен е заменик премиер, а главната улога му е доделена на друг лидер, значително поприфатлив за тврдокорната генерација на талибански заповедници. Барадар е тивок и таен човек, кој треба да ја добие поддршката од Западот".



Спонзорирани линкови

Маркетинг