Стефан Филиповски за Точка ТВ: „Порано поинаку се избираше евровизиски претставник, без да се знаеш со некој од МТВ“

Точка

06/07/2021

21:26

1.971

Големина на фонт

а а а

Еден од близнаците од музичкото дуо „Некст Тајм“ е нашиот овонеделен гостин во Точка ТВ.

Контроверзни, директни, скокотливи прашања и уште подиректни одговори во интервјуто со пејачот Стефан Филиповски.

Иако навидум е повлечен и воздржан од коментари, Филиповски во Точка ТВ интервјуто без влакна на јазикот зборува на многу теми.

Последните преработки со модерен призвук на неколку македонски народни песни, како „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам бабо“, ја одбележаа кариерата на Некст тајм.

Во интервјуто Стефан нѝ ја открива причината за неговиот и имиџот на Мартин, кога го прашавме дали долгите црни бради им се стил или имаат патриотско значење.

Филиповски се осврна и на изборот на евровизискиот претставник на Македонија воопшто, одговарајќи на прашање кое наш читател го постави на Точкаграм (Инстаграм профилот на Точка). Во интервјуто го открива неговото искрено мислење на оваа тема, правејќи споредба од изборот некогаш и сега.

На прашањето 'Има ли јавна личност што те вади од такт и која е таа', веројатно некој друг мудро би избегнал одговор. Но, Стефан директно им се обрати на колегите кои 'бришат од Инстаграм'.

Искрено мислење даде и за ситуацијата во ФК Вардар, а не ги изостави ниту РК Вардар.

Дали се вакцинирал или е антиваксер, кој е неговиот најголем порок, најлошиот 'дејт', на кој македонски пејач му симнува капа, која турбофолк песна скришно си ја потпевнува - се само дел од прашањата на кои нѝ одговори.

Пред самиот крај на видеото може да го проследите и 'Точка квизот' кој му го направивме на пејачот, а одговараше и на прашања претходно поставени на нашиот Инстаграм профил.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk