Точка ТВ: Средовечен пар во текот на 32 години згрижил 200 деца – запознајте го семејството кое несебично ја дели својата љубов

Точка

05/07/2021

20:38

6.605

Големина на фонт

а а а

Вилијам Фостер и неговата сопруга Џен веќе 30 години се грижат за деца, а дури 200 малечки поминале низ нивниот дом. Парот неодамна ја примил наградата „MBE“, една од најзначајните награди која се доделува за придонес во науката, уметноста или за хуманитарна работа во Велика Британија. Ова е нивната приказна:

82-годишниот Вилијам и 74-годишната Џен, кои моментално чуваат 2 бебиња, истакнуваат дека оваа работа е нивниот животен повик:

„Ова не е лесна работа и мора многу да жртвувате. Но, тоа е работа која ние ја обожуваме бидејќи децата се чувствуваат како да припаѓаат некаде и се дел од едно семејство“, вели Џен.

Вилијам и Џен имаат 9 деца од кои 2 се посвоени, а можат да се пофалат со 15 внуци. Парот вели дека нивната најголема награда е тоа што децата заминуваат со насмевки на лицата, а за Божиќ имаат најмногу „работа“ бидејќи тогаш многу од децата за кои се грижеле, доаѓаат на посета.

„Многу луѓе мислат дека си стар ако имаш над 50 години и се грижиш за деца. Но, тоа всушност е најдобриот период бидејќи тогаш сте возрасни и созреани и го имате целото време на овој свет да им го посветите токму нив“, вели Џен.


Откриле и дека разделбите со децата се многу болни, а од едно бебе не можеле да се одделат.

„Наоми требаше да биде кај нас само неколку дена. Тие прераснаа во недели, па во месеци, а 5 години подоцна решивме да ја посвоиме“.


Овој пар не планира да се пензионира во брзо време.

„Сакаме да бидеме опкружени со деца и додека имаме сила, со задоволство ќе го примиме секое дете во нашиот дом“, велат Фостерови.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk