Барбара Ракичевиќ за Точка ТВ: „Никогаш не ми пречело тоа што сум дете на познати родители“

Точка

25/06/2021

21:15

9.012

Големина на фонт

а а а

Ќерката на Мелита има 16 години, а веќе смени 2 професии, погледнете што прави убавата Барбара - ова е насловот кој минатиот септември ги освои симпатиите на читателите на Точка.

Барбара Ракичевиќ, единствената ќерка на поранешната водителка Мелита, е нашата овонеделна гостинка во Точка ТВ.

16-годишната Барби има неверојатен талент за музика, многу е скромна, директна, и поседува исклучително големи квалитети за нејзина возраст. Од септември ќе биде трета година во средното училиште „Јосип Броз Тито“, а вели дека нема проблем со училиштето и оценките и покрај паралелното водење на кариерата.

Барбара до неодамна беше дел од естрадниот магазин „Бекстејџ“, беше водителка со Миро Кацаров, а сега целосно ѝ е посветена на музиката - се разбира, кога не е на училиште.

Досега има две авторски песни - „Посилно од сè“, песна позади која како автор се потпишува Андријана Јаневска, и „Доволно зрел“, чиј композитор е Александар Тарабунов.

Искрена, ведра, позитивна, доволно зрела - како што вели и во нејзината песна, и многу самоуверена, Ракичевиќ е лицето за кое нашиот регион допрва ќе слуша.

Без размислување признава дека на македонската музичка сцена ѝ недостасува публика пред сè.

Дали ѝ пречи тоа што е дете на познати родители, како се носи со хејт коментарите на сметка на Мелита, кога последен пат плачела - и многу повеќе одговори во видео интервјуто на Точка.

Новинар: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk