Точка ТВ: Сопственик е на „The Washington Post“, преживеал пад на хеликоптер... Интересни факти за бизнисменот Џеф Безос

Точка

13/04/2021

13:36

1.868

Големина на фонт

а а а

Основачот на интернет продавницата „Amazon“ - Џеф Безос, моментално е најбогатата личност на светот.

Овој успешен бизнисмен нeодамна наполни 57 години, па сега е идеaлниот момент да се запознаете со деталите од животот на еден од најфасцинантните луѓе кој што во далечната 1994 година од својата гаража во Сиетл го основал „Amazоn“, компанијата која што е најзаслужна за популаризацијата на онлајн купувањето.

Џеф Безос неговата мајка Џеклин го родила кога била тинејџерка и имала само 17 години. Во тој момент таа и натаму одела во средно училиште. Таткото на Безос го напуштил семејството по една година брак со Џеклин, па таа морала да најде начин како сама да се справи со тоа.

Уште од мали нозе Безос покажувал интересирање за инженерство и нови технологии.

Неговите роднини велат дека тој кога бил мало момче направил примитивен аларм кој што секојпат свирел кога некој ќе влезел во неговата соба. За време на средношколските денови, тој поголемиот дел од времето го поминувал во гаражата во неговиот дом која што своевремено јa претворил во лабораторија за пронајдоци.


Додека бил тинејџер ја спровел својата прва бизнис идеја со име „Dream Institute“, а таа била наменета за ученици од 4-то, 5-то и 6-то одделение и била од едукативен карактер. Учествувањето во неа чинело 600 долари.

На почетокот на 90-тите години работел на „Вол Стрит“, откако дипломирал на Универзитетот во Пристон, а потоа добива понуди од многу други претприемачи.

Безос го основал „Amazon“ во својата гаража во Сиетл заедно со неколку свои колеги, а истата на почеток била само интернет книжарница, за подоцна да прерасне во империја.

Тој преживеал пад на хеликоптер во 2003 година во кој што бил со уште тројца луѓе.

Безос е сопственик на „The Washington Post“ кој што го купил во 2013 година за 250 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk