Кон средината на 1940-та година Париз беше окупиран од Нацистите, а Хитлер веднаш одлучи да го посети „градот на светлината“. Меѓутоа, Французите се досетија и не му дозволија да си ја исполни најголемата желба.
За време на Втората светска војна, Ајфеловата кула била користена за попречување на германските радио комуникации, а една од најинтересните анегдоти е поврзана токму со најпознатата кула во Париз.
Откако Нацистите триумфирале и ја окупирале Франција, Хитлер го посетил Париз, па секако, посакал да се качи и на Ајфеловата кула.
Сепак, некој се сетил да ги пресече каблите на лифтот и така го спречил лидерот на Нацистите да се качи на симболот на Париз и да ја покаже својата доминација.
Проценките на антифашистичкото движење биле дека Хитлер нема да сака да се искачи на 1710 скали и биле во право. Хитлер останал долу, а нацистичките војници морале пешки да се качат на врвот од кулата за да го постават нацистичкото знаме.
Интересно е тоа што „кулата го возвратила ударот“, така што кога и Нацистите да се обиделе да стават поголемо знаме на Ајфеловата кула, знамето се кинело од ветрот за само неколку часа.
Нацистичкото знаме остана на Ајфеловата кула до 25-ти јуни 1944-та година, а лифтот бил поправен после ослободувањето во 1946-та година.