Во едно кафуле во Загреб, божиќната бајка веќе започнала. Кафе барот „Фињак“ се пофалил со декорации кои изгледаат како да се рачна изработка.
Многумина веќе фантазираат за тоа да испијат кафе во ова моментално најубаво загребско кафуле.
Венци, сијалички, дрвца, мечиња, па дури и една полумесечина го преплавиле загребското кафуле кое се сокрива на улица Влашка 78.
Сопствениците на „Фињак“ веќе неколку години се трудат на своите гости да им овозможат незаборавно искуство додека го пијат своето омилено кафе, а нивните божиќни декорации секоја година се на високо ниво.
„Се гледаме на Влашка 78, на најубавата бајка во градот“, им порачале на своите гости, а нема сомнеж дека Фињак за многу посетители на Загреб ќе биде омилена локација.